речник контакт

Не ја пропуштајте: Најголемата Месечина во последните 70 години

Ќе се случи на 14 ноември

Петар Печков

Ако сакате да ја завршите оваа година со голем астрономски настан, тогаш потрудете се на 14 ноември да излезете негде на отворено со цел да ја фотографирате најголемата Месечина од јануари 1948 година.

За време на ова нејзино појавување таа ќе биде 14% поголема и 30% посветла од просечната полна Месечина. Наредната ваква Месечина ќе се појави на 25 ноември 2034 година, па потрудете се да не ја пропуштите токму оваа.

Како настанува Супермесечината?

Како што објаснуваат од НАСА, бидејќи Месечината има елипсовидна орбита, едната страна, која се нарекува „perigee“ е поблизу до Земјата за 48.280км отколку другата страна. Кога Сонцето, Месечината и Земјата се подредуваат во една линија, како што Месечината орбитира околу Земјата, таа состојба е позната како syzygy.

Кога токму таа линија се случува со едната страна на Месечината (perigee), а Месечината се наоѓа на спротивната страна од Земјата и Сонцето, тоа се нарекува perigee-syzygy. 

Токму тоа орбитирање ја прави Месечината поголема и посветла на небото отколку што е и се нарекува Супермесечина или попрофесионално, Perigee moon.

Супермесечина се појави на 16 октомври, а наредна ќе имаме на 14 декември. Но, бидејќи на 14 ноември Месечината ќе биде полна и цели два часа ќе биде токму во таа фаза на perigee-syzygy, ќе изгледа многу големо.

Полната Месечина која ќе се појави на 14 ноември не само што е најблиската полна Месечина оваа година, туку и најблиската полна месечина во 21 век. Ниту една полна Месечина нема да ни се приближи толку многу се до 25 ноември 2034 година, објаснуваат од НАСА.

Исто така, тие објаснуваат дека кога Месечината е близу хоризонтот, може да изгледа неприродно голема кога се гледа преку дрвја, згради или други градби. Ефектот се нарекува оптичка илузија. Погледнете тоа како изгледаше во 2014 година, кога Месечината беше многу помала од онаа што сега се предвидува.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »